Двајца полицајци од Струга ќе одговараат за „малтретирање во вршење на службата“, откако биле пријавени дека тепале уапсен човек, кој притоа имал лисици на рацете, соопшти МВР. Станува збор за полицаецот Т.М. од Полициската станица Струга и И.Ш.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО ГОКК - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Т.М. и И.Ш.
Двајца полицајци се суспендирани од работа поради употреба на прекумерна физичка сила врз притворено лице во полициската станица во Струга. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Т.М. и И.Ш.