Фудбалот во Ирак речиси никогаш не добива внимание во светската спортска јавност, но за промена на работите се погрижи фудбалерот со име Хабиб Оуеслати кој режирал магија на вчерашниот меч во домашното првенство.
Во Ирак можеби не се игра најдобриот фудбал, но сега ни пристигнува едно ремек-дело какво што не се гледа често на фудбалските терени и погодок кој ќе конкурира за наградата „Пушкаш“. Екипата на Невроза славеше со 2-0 против Ал Мина, а двата гола беа дело на Хабиб Уеслати.