Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли шпекулациите дека Димитар Димовски ќе биде именуван за секретар за добро владеење во Владата, нагласувајќи дека досега воопшто не соопштил кој ќе раководи со новоформираниот ресор.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одрече дека Димитар Димовски ќе биде именуван за секретар за добро владеење во Владата, откако беше прашан за информациите дека токму тој ќе ја извршува оваа функција во неговиот кабинет.
Денеска ќе покажеме што значи за Мицкоски „доброто владеење“. Погодувате веднаш, бизнис, тендери, злоупотреби. За ресоротот „добро владеење“ Мицкоски го планирал Димитар Димовски. А кој е Димитар Димовски? Долгогодишен бизнис-партнер на Мицкоски во хидроцентралите.