Албанскиот премиер Еди Рама преку објава на социјалните мрежи им се обрати на демонстрантите во Тирана, кои ги нарече „Фламингоси“, порачувајќи дека правото на протест е легитимно, но дека не смее да се претвори во насилство и судир со институциите.
Не стивнуваат протестите на Албанците против изградбата на луксузното одморалиште во природен резерват, проект во кој е вклучен Џаред Кушнер, зетот на Доналд Трамп. Напротив, бројот на демонстрантите во таканаречениот „Фламинго протест“ е сè поголем од ден на ден, што го ...
Она што почна како „Револуција на розовите фламинга“ прерасна во широко распространето јавно незадоволство. Доста ни е од нетранспарентноста и ароганцијата. Премиерот мора да си замине, порачуваат демонстрантите Илјадници демонстранти здружени во движењето наречено „Фламинго ...
Не стивнуваат протестите во Албанија. Нови демонстрации против политиките на Еди Рама. Незадоволството кое почна по контроверзниот проект за луксузен ресорт на албанското крајбежје прерасна во општо незадоволство од работата на владата и високата корупција во земјата.
Илјадници демонстранти маршираа низ центарот на Тирана носејќи големи розови фламинга – симбол на движењето, како и транспаренти со пораки „Албанија не е на продажба“ и „Укинете го законот за заштитени подрачја“.