Поранешни членови на Социјалдемократскиот сојуз сметаат дека СДСМ може да биде силна опозиција но, не на чело со актуелниот лидер Венко Филипче. Иницираа платформа „Разговори за иднината 12:05“ и најавија дека ќе достават стратегија за реформи.
На Македонија и е потребен нов општествен договор како основа за создавање широк опозициски потенцијал за промени Игор Ивановски од „Платформата 12.05“ денеска по трибината повтори дека на лидерот на СДСМ Венко Филипче ќе му го достават планот за отворање, консолидација, ...
Нема да чекаме повик, ќе биде доставена, но принципиелно рековме до тој момент нема да објавуваме ништо. Ќе оставиме претседателот на партијата да ја разгледа. Дали ќе му треба еден , два дена, еден час или десет минути, тоа е негово.
Тој има шанса, макар на крајот, со своите постапки да помогне да оваа, во момент заробена партија, се отвори и се врати на членството, вели Ивановски Поранешниот потпретседател на СДСМ и еден од организаторите на платформата „Разговори за иднината во 12:05“, вели дека лидерот на ...
„Јас сум се видел со тие луѓе во изминатиот период, поединечно. Сметам дека тоа е платформа којашто е нов ЗНАМ. Тоа се луѓето коишто беа на многу високи партиски функции, коишто молчеа кога се формираше првиот ЗНАМ. Па сега сакаат со пуч да ја преземат партијата.