Акцијата на Аутомакедонија АД Скопје бележи најголем раст во јули, покажува на Македонската берза за тој период. Акцијата на ТТК Банка АД Скопје пак има најголем пад. Оваа се другите акции со најголем раст и пад за тој период: Фото: Унсплеш
Претежно негативни ценовни движења донел јули на Македонската берза, што се совпадна и со падот на МБИ10 за 2,4 отсто. Неколку акции успеаја да забележат раст, со максимум кој не досега до три насто. На листата најголеми губитници се банки и индустриски компании.
Прометот на Македонската берза во јули паднал за 75,05% и изнесува 380,4 милиони денари, покажува месечниот на Берзата. Пад од 7,21% бележи и бројот на трансакции, кои во овој период изнесувале 1.352. Пазарната капитализација исто така бележи пад од 1,19%.
Акцијата на Алкалоид АД Скопје е најтргуваната акција на Македонската берза во јули. Со нејзе во овој период е остварен промет од над 123 милиони денари, покажува на Берзата. Втора е акцијата на Комерцијална банка АД Скопје, која изминативе години е најтргувана.