За Ана Стојанова вежбањето со години е начин на живот. Но, денес, кога повторно може слободно да чекори и да тренира, таа признава дека некогаш токму она што го правела секојдневно – движењето – било најголемата борба.
Фитнес-инфлуенсерката Ана Стојанова не зборува само за совршено тело и тренинзи – овојпат сподели искрена исповед за најтешкиот период од својот живот и за тоа колку поинаку го гледа здравјето откако самата почувствувала што значи да не можеш слободно да се движиш.
Понекогаш ни треба многу време за да сфатиме колку малку ни е потребно за да бидеме навистина добро. Photo by Bai Z on Unsplash Трчаме по пари, успех, планови, признанија, по нешто што постојано ни изгледа како да ни недостига.