Во Скопје се одржува Граѓанскиот форум „Граѓаните во срцето на процесот на проширување на ЕУ“, организиран од Групата за поддршка на демократијата и изборна координација на Европскиот парламент, во соработка со Собранието.
Вајц, Гаши и Ондруш во Скопје порачаа дека европската интеграција треба да значи чист воздух и вода, владеење на правото, функционални институции, подобро образование и здравство, достоинствени работни места и поголемо учество на граѓаните во носењето одлуки.
Европската интеграција не треба да биде само процес на усогласување на законите и исполнување на критериумите, туку треба да донесе промена на системот и подобар животен стандард за граѓаните, изјави претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Напредокот ѝ е потребен на Македонија пред сè за да се развие во модерно, демократско и добро организирано општество, без оглед дали еден ден ќе стане членка на Европската Унија, порача денеска австрискиот европратеник Томас Вајц на Граѓанскиот форум „Северна Македонија и ...