„Ние како Министерство не сме имале апсолутно никаква комуникација, ниту знаеме дека оваа банка имала преговори, ниту знаевме кои претходно други институции, банки биле заинтересирани. Така што, најодговорно тврдам дека Министерството за финансии немало никаква комуникација со ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска тврди дека Министерството за финансии не било информирано за преговорите за влез на „Алта банка“ на македонскиот пазар, ниту за заинтересираните институции за преземање на Стопанска банка Битола.
Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и регулиран со најстроги закони. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Централниот дневник на МРТ. „Банкарскиот сектор во Република Македонија е стабилен и ова не е првпат да го зборувам.