Денес кафето се подготвува за неколку секунди, со притискање на копче или со отворање на кесичка. Но, порано, почетокот на денот имал целосно поинаков ритам. Пред да зоврие водата во ѓезвето, од кујната се слушаше вртењето на рачката на рачниот млин за кафе.
Во време кога кафето се подготвува за само неколку секунди со модерни апарати или инстант производи, тешко е да се замисли дека некогаш целиот процес започнувал со еден едноставен, но незаменлив предмет кој бил дел од речиси секое домаќинство.