Вештакот на одбраната Емилио Фришќиќ сведочеше дека ливчињата со испишани суми, кои беа најдени на дел од соѕиданите снопчиња со евра, ги пишувала мајката на обвинетиот судија, Донка Ристова, која тврдеше дека парите се нејзини и на нејзиниот сопругм заработени од земјоделие.
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи судењето на поранешниот апелационен судија Ѓоко Ристов, чиј случај го привлече вниманието на јавноста по пронаоѓањето на 350.000 евра скриени во ѕид. На денешното рочиште сведочел таткото на сопругата на Ристов, кој пред судот ...
Обвинетиот Ѓоко Ристов со сигурност е исклучен како автор на ракописите што биле предмет на графолошко вештачење, изјави вештото лице Емилио Фришчиќ, специјалист за испитување спорни документи, при сведочењето пред судот.
На денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје, против апелацискиот судија Ѓоко Ристов прв сведочеше таткото на сопругата на Ристов, кој одговараше на прашања на одбраната во врска со купопродажба на стан во Скопје.