Рускиот државјанин Михаил Шабуњин (30), осомничен за убиство на тројца мажи на стрелиштето „Чешка зброевка“ во близина на Даниловград, извршил самоубиство кога полицијата го опколила за време на неговото апсење во шумата над Херцег Нови, објавија црногорските медиуми.
Се појавија нови детали за тројното убиство во стрелиштето во близина на Даниловград, извршено од 30-годишниот руски државјанин Михаил Шабуњин. Беа убиени вработените на стрелиштето Петар Глобаревиќ (24), Момир Радоњиќ (67) и Немања Капор (20).
Автомобилот во кој се сомнева дека избегал рускиот државјанин Михаил Шабунин, осомничен за тројно убиство во Даниловград, е пронајден во областа Врањске њиве, во близина на Подгорица, соопшти црногорската полиција.
Голема полициска акција е во тек во Даниловград, Црна Гора, откако попладнево на стрелиште биле пронајдени безживотните тела на тројца мажи. Според информациите од црногорската полиција, околу 17 часот сопственикот на стрелиштето „Чешка збројевка“, М.Ј.