Каматите на кредитите продолжуваат да се намалуваат, додека банките нудат повисоки стапки за новите депозити. Народната банка ги објави најновите податоци за движењата кај каматните стапки на банките и штедилниците во јуни.
Податоците на Народната банка покажуваат деја во јуни просечната каматна стапка на вкупните депозити на годишна основа бележи намалување од 0,03 п.п., при што таа изнесува 2,17%. Просечната каматна стапка на вкупните кредити пак бележи годишен пад од 0,36 п.п. и изнесува 4,67%.
Просечната каматна стапка на вкупните депозити на годишна основа бележи намалување од 0,03 п.п., при што во јуни таа изнесува 2,17%, а просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,36 п.п. и изнесува 4,67%, соопшти Народната банка.