Некогаш се чини како Google да мора да направи мал „хаос“ од апликации, да претстави повеќе апликации за една намена, додека се реши за една од нив или некоја нова целосно го преземе главното место.
Веќе некое време “Incognito Mode” е добро позната и корисна функција во интернет прелистувачите, посебно доколку на својот профил се логирате преку нечиј друг компјутер. Сега YouTube ја тестира истата функција на својата Android апликација.