Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, но интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен, информира АМСМ. На граничниот премин Богородица, за излез од државата, времето на чекање е околу 45 минути.
Иако се само три дена, граѓаните не се откажуваат, ф отографии од утринава покажуваат долга редица возила кои чекаат да ја напуштат државата, за да влезат во Грција. За влез во Грција се чека повеќе од еден час. Ова е последниот споен викенд пред стартот на школската година .
Споениот празничен викенд веќе почна да ги создава гужвите на граничните премини. На ГП Богородица веќе се забележуваат поголем број возила кои чекаат да излезат од државата. Се почесто се бараат алтернативи како граничниот премин во Дојран каде и тој знае да биде преплавен со ...
Голем број возила утрово се забележани на граничниот премин Богородица, каде што сообраќајот се одвива забавено поради зголемениот број патници. Според фотографијата од камерите на граничниот премин, во раните утрински часови се формирани долги колони од автомобили, а присутни ...