Со вчерашните две дербија, кои се одиграа во Скопје, на Арената “Тодор Проески“ (Вардар – Силекс 4:1) и на ФФМ Шкендија – Струга ТЛ 2:1), се комплетираше 4.коло од новата сезона во ПМФЛ. Па така убаво ќе биде да видиме што “кажува“ табелата.
Вардар – Силекс 1:1 по првото полувреме од мечот од 4.коло кој се игра попладнево на Арената во Скопје. Домашните поведоа со голот на Данев уште во 3.минута по асистенцијата на Спахиу, додека кратовци со голот на Анѓелески во 37.минута израмнија на 1:1.
Вардар – Силекс 4:1, конечно победа за шампионот по тие два порази во низа од Шкендија и Струга ТЛ. Конечно, Вардар победи во еден дерби меч оваа сезона. Победа во меч од 4.коло, заслужено. Едноставно кога треба Вардар против Силекс ги гаси „пожарите“.
Актуелниот шампион Вардар на лош начин го стартуваше новото првенство на Македонија. Забележа два порази во првите три кола, и остана без бодови на двете пресметки против конкурентите за титулата, Шкендија и Струга Трим Лум.