Екипата на Вардар славеше со 1:0 на гостувањето во Штип против Брегалница во меч од 10. коло на Прва фудбалска лига на Македонија. Со оваа победа Вардар стигна до 20 бодови и се израмни со Струга ТЛ и Шкендија кои се на врвот од табелата.
Два натпревара од Првата македонска фудбалска лига се одиграа попладнево и на двата славеа гостинските екипи. Прво Струга ТЛ го победи тимот на Шкендија Арачиново со 2:0, а предмалку Вардар во Штип до трите бода стигна по минималните 1:0.
Почнува вториот круг од првенството, а актуелниот шампион Вардар денеска (14 часот) гостува во Штип каде ќе се сретне со Брегалница. Вардарци врзаа две победи во низа и планираат да ја продолжат серијата и на денешното гостување во градот под Исарот.