Поранешниниот вицепремиер Артан Груби од денеска повторно е слободен граѓанин, бидејќи истече законскиот рок на мерката куќен притвор. Тој речиси осум месеци беше во домашен притвор, а од денеска движењето во државата повеќе не му е ограничено.
Макфакс - Национално - Антропол - Во Центар
На Артан Груби, обвинет во случајот „Државна лотарија“, денеска на полноќ му истекува куќниот притвор. Скопскиот кривичен суд сè уште нема одлука дали ќе му биде вратен пасошот по понудената гаранција. Со истекот на мерката куќен притвор, Груби „ќе може да се брани од слобода“.
Во однос на мерката привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање патна или друга исправа за преминување на државната граница, одбраната до судот достави предлог, со кој, во согласност со член 150 од Законот за кривичната постапка, предлага нејзино укинување со ...