Изминативе неколку недели целиот свет зборуваше за Адел и нејзината неверојатна трансформација, како и за губењето на над 40 килограми, но таа не е единствената дама која успеа во вакво нешто.
Џесика Симпсон за време на бременоста имаше дури 110 килограми, но набргу ја врати својата вита линија, а тоа го покажа на социјалната мрежа „Инстаграм“ каде што објави фотографија на која е облечена во тесна кратка маичка и шорц.
Популарната американска пејачка Џесика Симпсон, по бременоста успеала да ослабне повеќе од педесет килограми, пишуваат светските медиуми. Таа успеала да ја доведе својата фигура да совршенство, иако претходно тежела и повеќе од 110 килограми.
Иако целиот свет неодамна зборуваше за промената која ја направи Адел, Џесика Симпсон исто така постигна неверојатни резултати откако по бременоста успеа да ја врати својата линија во нормала.