Нема простор за паника, но симптомите како вкочанет врат, силна главоболка, чувствителност на светлина и нарушена свест не смеат да се игнорираат при сомневање од западнонилска треска, предупредува матичната лекарка Лилија Чолакова Дервишова.
Поради случаите со зарацени лица со Западнонилска треска во Скопје, вклучен е алармот во Полошкиот регион. Соочени со овој здравствен ризик, општините во овој регион се активираа за дезинсекција од комарци и инсекти, но со различно темпо и во различни периоди.
Во меѓувреме, додека граѓаните се занимаваат со самозаштита, во општините особено во населбите што се лоцирани како жаришта се спроведуваат вонредни дезинфекции, а деновиве по 13-ти пат се прскаше и на целата територија на град Скопје.
Заклучно со 18 август, според последните податоци на ИЈЗ, во земјава се регистрирани вкупно 38 случаи на западнонилска треска - 36 потврдени и два веројатни, од кои 37 во скопскиот регион, а еден од Велес. Регистрирани се четири смртни случаи со невроинвазивна форма на болеста.
Журнал - Сакам да кажам - 24Инфо - Press24 - Макфакс - Слободен Печат