Новата влада се гласа на 13 јули, но дали Мицкоски само ја централизира моќта? Собранието ја закажа седницата за реконструкцијата на Владата за понеделник, 13 јули, во 11 часот, со што политичката операција на премиерот Христијан Мицкоски влегува во завршна парламентарна фаза.
Политиколозите се единствени во ставот дека со реконструкцијата, носечката партија во Владата ВМРО-ДПМНЕ за втората половина од мандатот – ја засилила својата политичка моќ во однос на помалите коалициски партнери Вреди и ЗНАМ.
Според првичните информации од владејачките партии познати се ресорите кои ќе бидат распределени во новиот владин состав по реконструкцијата, што укажува дека се подготвува теренот за избори, без оглед дали тие ќе бидат редовни или предвремени, додека пак реформската агенда може ...
Реконструкцијата спакувана – новите министри ги очекуваат своите кабинети. Но, прашањето кое се става на маса е: Кој доби, а кој изгуби со новите смени и ротации?Синоќешната дебата во „24 Анализа“ ги соочи различните погледи за тоа кој профитира, а кој останува со куси ракави ...
Ако реконструкцијата на Владата има за цел да испрати порака дека се коригираат слабостите во работењето на министрите, тогаш смената во Министерството за култура и туризам е една од најлесно објаснивите политички одлуки.