Гостивар и Тетекс одиграа натпревар со дури десет погодоци на стадионот на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид. Пријателската пресметка на крајот заврши без победник (5-5) и покрај тоа што Тетекс имаше предност од 4-2 на 30 минути пред крајот.
Денеска во Охрид, во пријателски натпревар, Тетекс и Гостивар одиграа неверојатни 5:5. Значи десет голови на еден меч, имало што да се види на овој меч меѓу екипите кои во следната сезона ќе бијат битка за бодови во ВМФЛ – ЗАПАД.