TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Европа во пламен: каде гори, каква е штетата и зошто ова лето можеби е само почетокот

Трн - 16.08.2026

Од Хрватска и Грција, преку Србија, до Шпанија и Португалија – континентот оваа сезона повторно гори на повеќе фронтови. Штетите веќе се мерат во милијарди евра, а долгорочните последици допрва ќе почнат целосно да се чувствуваат.

Балканот под чад: Србија сè уште ги гасне жариштата, Омиш ја мери штетата по огнената ноќ

Паноптикум - 16.08.2026

Бројките се менуваат од час во час, но опасноста не исчезнува со последниот медиумски пресек. Во Србија вчера беа активни 39 пожари на отворен простор, додека утринската состојба денеска покажува стабилизирање на дел од најголемите пожаришта.

Балканот се бори со огнени стихии

24 Вести - 15.08.2026

Големите шумски пожари продолжуваат да пустошат делови од Балканот. Најтешка е состојбата во Хрватска каде во изминативе денови изгореа делови од јадранскотро крајбрежје. Противпожарните екипи се борат да ги изгаснат пожарите во близина на Задар.

Огнена стихија на Балканот: Пожарникарите во Македонија, Хрватска и Грција спасуваа животи и куќи

Независен - 14.08.2026

Разорни шумски пожари ги зафатија Хрватска, Грција и Македонија, предизвикувајќи масовни евакуации, повредени граѓани и огромна материјална штета Балканот се соочува со драматична и критична состојба откако разорни шумски пожари истовремено ги зафатија Хрватска, Грција и ...

Од Омиш до Херцег Нови – огнената линија на Јадранот, Халкидики под многу висок ризик

Паноптикум - 15.08.2026

Денеска летната карта на Балканот изгледа поинаку од онаа на туристичките брошури. На хрватскиот Јадран пожарникарите санираат огромно пожариште кај Омиш, додека на Дуги Оток огнот останува активен. Во Црна Гора сè уште има активни пожари кај Херцег Нови, Улцињ и Никшиќ, а на ...

Со трактор пред огнот – Аце ја ораше земјата кога тргна пламенот кон селото

Вечер Прес - 14.08.2026

Пожарите во соседството до линија со морето Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од пожарите во Грција. Во Пелагонија, огнот стигна на само 50 метри до куќите, а мештаните, пожарникарите и доброволците со часови се бореа да го спречат неговото ширење кон селата ...

Осум пожари сè уште активни – Македонија по најтешката ноќ од пожарната сезона

Паноптикум - 15.08.2026

8 пожари на отворен простор сè уште беа активни во Македонија до 18 часот на 14. август. Од вкупно 20 регистрирани во текот на денот, 2 беа ставени под контрола, а 10 изгаснати. Бројките покажуваат смирување во однос на претходната ноќ, но токму таа ноќ ја покажа вистинската ...

Пожарот кај Омиш стигна до морето: 194 луѓе спасени од вода, Далмација останува под ризик

Паноптикум - 14.08.2026

Кога копнениот пат за бегство го затвора огнот, морето станува последна излезна врата. Токму тоа се случи во ноќеска кај Омиш, каде што пожарот што избувна во реонот на Локва Рогозница за неколку часа се спушти кон населбите и брегот.

Европа под жештина и оган: 340 милиони луѓе над 30 степени, пожари од Халкидики до Далмација

Паноптикум - 14.08.2026

Денешното утро не носи една изолирана вест за пожар, туку карта на континент под истовремен притисок од жештина, суша, ветер и огнени фронтови. Додека пожарникарите во Грција и Хрватска ја минуваа ноќта на терен, Европа влезе во уште еден топлотен бран во кој само еден ден ...