СДСМ преку соопштение обвини дека Владата не успева да го реши проблемот со водоснабдувањето во Гостивар, посочувајќи дека водата сè уште не смее да се користи за пиење и подготовка на храна поради присуството на бактеријата Pseudomonas aeruginosa .
Опозиционерот Венко Филипче се обидува да држи лекции за здравството и јавното здравје, но граѓаните не забораваат кој со години раководеше со Министерството за здравство и кој беше на власт кога се случуваа проблемите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
За разлика од некои минати времиња кога водата во Гостивар не била исправна, а никој не дал препораки и насоки да не се пие, сега согласно резултати се даваат препораките, а за скандалот се води постапка и има одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Верувам дека за првпат по многу години граѓаните ќе користат вода која е целосно бактериолошки исправна.“ изјави Христијан Мицкоски пред два дена. Со оваа реченица премиерот призна дека повеќе од две години, додека ВМРО-ОКГ има апсолутна власт, водата во Гостивар не била ...