По епидемијата поради загадена вода во Гостивар, властите сега официјално признаваат ризик од хепатит А и Е и други заразни заболувања. Министерството за здравство ќе испраќа упатства до здравствените установи и матичните лекари. Воведен е засилен здравствен надзор.
СДСМ преку соопштение обвини дека министерот за здравство Сашо Клековски сега предупредува на појава на хепатит А и Е во Гостивар, иако, според партијата, професорот Венко Филипче на тоа предупредил уште минатата недела.
На прес-конференција, портпаролката на партијата Маја Борозан побара кривична одговорност за надлежните институции и функционери поради случајот со загадената вода во Гостивар, оценувајќи дека признанието на министерот за здравство Сашо Клековски за задоцнета реакција е потврда ...