Прв случај е потврден во Куманово. Според информациите од тамошниот Центар за јавно здравје, станува збор за 65-годишен маж од приградска населба, кој во периодот пред да се разболи не патувал надвор од државата Шест нови случаи на западнонилска треска се регистрирани во земјава ...
Шест нови случаи на западнонилска треска се регистрирани во земјава за еден ден, со што вкупниот број на потврдени случаи достигна 50, а денеска е откриен и првиот случај во Куманово, соопштија здравствените власти. Од новорегистрираните случаи, петмина се од Скопскиот Регион.
Покрај балканските земји, случаи има во Италија, Шпанија, Романија, Франција, Австрија, Германија и Холандија. Светската здравствена организација уште во јули предупреди дека сезоната на западнонилскиот вирус се засилува.
Три лица во Хрватска се разболеле откако се заразиле со вирусот Западен Нил во текот на јули и август, потврди Хрватскиот институт за јавно здравје (HZJZ) за RTL Danas. Пациентите доаѓаат од источна, централна и северозападна Хрватска.
Во Албанија потврден е првиот случај на Западнонилска треска, која е дијагностицирана кај 72-годишен маж од Корча, кој моментно е во карантин во Регионалната болница во Корча и прима соодветен третман. -Заразеното лице е жител на градот Корча.
Министерот за здравство, Сашо Клековски, денес ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје, каде се сретна со медицинскиот персонал вклучен во справувањето со епидемијата од западнонилска треска.
Првиот случај на западнонилска треска е потврден во Албанија, при што вирусот е дијагностициран кај 72-годишен маж од Корча. Тој моментално се наоѓа во Регионалната болница во Корча, каде што прима соодветен третман.