Повеќе од 70 милиони Американци гласале предвреме на претседателските избори. Тоа е повеќе од половина од вкупниот одѕив на изборите во 2016 година, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на податоци од The U.S. Election Project.
Високиот одзив и зголемениот пораст на гласачките регистрации на Американците што живеат надвор од државата може да бидат пресудни за резултатот на претстојните претседателски избори во САД, закажани за 3 ноември.