Рекламите дека сме купиле 100 амбулантни возила, 120 полициски, 100 поштенски и 53 возила за комунално чистење, или 150 електрични автобуси, се сами по себе показател колку се мали чекорите со кои одиме напред.
Кога бројот на главни актери ќе ја надмине малата пазарна сцена, има ли кој да ги следи? Постои една стара народна поговорка што со векови наназад непогрешливо го дефинира нашиот ментален код: „Видела жабата коњот го потковуваат, па и таа ја кренала ногата“.