Tesla Roadster 2 за време на демонстрацијата во тест-центарот на SpaceX во Мекгрегор, Тексас, успеа да се одвои од тлото и да прелета неколку десетици метри. Со тоа, Илон Маск практично покажа дека најавениот режим на „летање“ не останал само на ниво на идеја.
„Успехот не е загарантиран. Го мислам ова. Веројатно ќе работи, но ако не работи, сите сме на безбедно растојание“ – ѝ кажа милијардерот на публиката пред почетокот на демонстрацијата на новиот летачки автомобил на Tesla .
Американската компанија „Тесла“ го претстави новиот „Роудстер“ (Roadster), спортски автомобил опремен со ракетни потисници развиени од SpaceX, со кои возилото би можело да изведува и маневри во воздух. Со овој проект, извршниот директор Илон Маск се обидува повторно да го ...