Спасувачките екипи на ХГСС по целодневна потрага на непристапен терен ги пронајдоа остатоците од леталото и телата на двајцата патници. Хрватската планинска спасувачка служба (ХГСС) ги пронајде остатоците на ултралесниот авион кој исчезна над Велебит, а при пребарувањето на ...
Две лица загинаа во пад на ултралесен авион кој вчера попладне исчезнал од радарот над Велебит во Хрватска. Остатоците од леталото и телата на жртвите биле пронајдени синоќа околу 22 часот во тешко пристапен предел на Националниот парк „Пакленица“.
Во тек е акција за пребарување и спасување откако хрватската контрола на воздушниот сообраќај изгубила сигнал од ултралесен авион кој летал од Чешка кон Задар. Сигналот од леталото со ознака D-KWZE бил изгубен околу 16:14 часот, на околу 17 наутички милји североисточно од Задар.