Тиквеш денеска има гостување на стадионот Чаир во Скопје кај Шкендија Арачиново. Кавадаречкиот тим влегува во овој натпревар во добра серија во првенството, но и по триумфот над Вардар во Купот на гостински терен 1-3.
Брегалница на свој терен во Штип ја пречекува екипата на Шкендија Тетово, лидерот на табелата во ПМФЛ. Штипјани во пресметката влегуваат после елиминацијата од Купот од Македонија ЃП, но имаат мотиви за да се надигруваат против еден од фаворитите за титулата.
Фудбалерите на Шкендија од Арачиново ќе се обидат да ја прекинат серијата од четири натпревари без победа во Првата лига, кога во рамките на новото коло ќе се соочат со тимот на Тиквеш на стадионот во Чаир. Арачиновци во меѓувреме ја прекинаа кризата и со победата од 2-0 против ...