Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, изјави дека, по разговорите на високо ниво во Москва и Киев, е постигнат значителен напредок во напорите за прекин на конфликтот во Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски по повеќечасовните разговори со американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер порача дека Киев нема да прифати мировен договор без „силни и јасни“ безбедносни гаранции.
Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, позитивно ја оцени средбата со рускиот претседател Владимир Путин, нарекувајќи ја „добар дијалог“. – Тоа беше многу добар дијалог. Ние поставивме многу прашања.
Специјалните пратеници на американскиот претседател, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, пристигнаа во Киев, што претставува нивна прва посета на Украина од почетокот на целосната руска инвазија, објави украинската новинска агенција Укринформ.