Лигата на шампионите се враќа со еден од највозбудливите и најкласични европски дуели. Од 21 часот „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде арена на првиот натпревар од новата сезона во основната фаза, во кој силите ќе ги одмерат шпанскиот гигант Реал Мадрид и италијанскиот шампион Интер.
Жозе Мурињо повторно беше во својот препознатлив стил. Тренерот на Реал Мадрид жестоко го критикуваше судијата Алехандро Ернандез по натпреварот против Бетис, посочувајќи дека не е способен да суди на највисоко ниво.
Новата сезона на Лигата на шампионите започнува во време кое се чини дека никогаш не било полошо за големите клубови! Тимовите кои обезбедија најмногу играчи на Светското првенство сè уште не можат да се „соберат“ и ќе биде интересно да се види што ќе ни донесе првото коло.