Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во гостувањето во „Вести плус“ на Канал 5 посочи дека податоците за смртните случаи од западнонилската треска се сериозен аларм, додека реакцијата на институциите е задоцнета, и во преземањето мерки, но и во делот со прскањето.
Во Македонија досега се потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, од кои 43 пациенти се хоспитализирани, а кај најголем дел е регистрирана невроинвазивна форма на болеста, информираше денеска министерот за здравство Сашо Клековски, пренесе МИА.
Министерот за здравство, Сашо Клековски, денес ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје, каде се сретна со медицинскиот персонал вклучен во справувањето со епидемијата од западнонилска треска.
Тим на Агенцијата за храна и ветеринарство и скопски комуналец по пријави од граѓани на терен ќе собираат угинати птици кои ќе се тестираат на вирусот на западнонилската треска. Ова за МТВ го потврдија од АХВ од каде велат дека тимот кој бил формиран минатата недела веќе собрал ...