Млечните продукти можат да имаат влијание врз ефикасноста на некои лекови за тироида, како и одредени антибиотици. На многу лекови е нагласено дека треба да се земаат со храна. Но, обично не е наведено дали може да се јаде што било пред да се испие лекот.
Тироидната жлезда, иако мала по големина, има огромно влијание врз функционирањето на целиот организам. Сместена е во предниот дел на вратот и произведува хормони кои го регулираат метаболизмот, работата на срцето, телесната температура, нивото на енергија и бројни други процеси ...