Брајтон вчера го победи Арсенал со убедливи 3:0, ставајќи крај на перфектната серија на актуелниот англиски шампион од почетокот на сезоната. На „топчиите“ добро ќе им дојде предвидената пауза поради настапот на репрезентациите, а Микел Артета ќе има можност за детална анализа ...
Арсенал последен пат загуби на натпревар во Премиер лигата со три голови разлика во 2023-та година, а судбината посака тимот на Микел Артета да доживеа идентичен потоп во англиската елита против тимот кој последен го направи тоа.
Англискиот фудбалски шампион Арсенал попладнево претрпе убедлив пораз на гостувањето кај Брајтон во петтото коло од Премиер лигата, со 3:0. Паскал Грос (31. минута), Харалампос Костулас (45.) и Чема Андрес (57.) ги постигнаа головите за домашниот тим.