Вчерашното силно невреме што ја зафати Македонија било проследено со ветер со јачина на ураган, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), додавајќи дека се регистрирани удари и до 134 километри на час.
Силината на вчерашниот ветер, иако откорна голем број дрвја и направи сериозна штета, не го сруши рекордот. Максималната измерена брзина на ветер во Македонија е 150 километри на час. Вчерашното силно невреме што го зафати северниот и источниот дел од земјата, вклучително и ...
На Автоматската метеоролошка станица во Штип, во 17:00 часот, е регистриран оркан со максимален удар на ветер од 134 km/h со правец запад-северозапад (WNW). Во Скопската котлина, на Автоматската метеоролошка станица Скопје, во 16:10 часот е регистриран оркан со максимален удар ...
Исклучително високи вредности на удари на ветер, приближни до историските рекордни вредности регистрираше Управата за хидрометеоролшки работи (УХМР) во текот на вчерашното невреме, врз основа на податоците од Националната мрежа на автоматски метеоролошки станици.