Ненад Димитријевиќ продолжува со добрите настапи во подготвителниот период и уште еднаш покажа дека ќе има важна улога во составот на Арис во новата сезона. Македонскиот репрезентативец беше дел од убедливата победа на својот тим над Миконос со 80:64 на турнирот „ Мавроскохеја “.
Ненад Димитријевиќ уште еднаш покажа дека во наредниот период ќе биде еден од клучните играчи на Арис, ќе биде лидер на тимот на стратегот Спанулис. И денеска, не пријателскиот меч со Миконос, Македонецот одигра одлично во победата на Арис со 80:64.