Мегапопуларната Јелена Карлеуша не би била тоа што е доколку не предизвика бурни реакции со својата појава, но и многу повеќе – со изјавите. При вчерашната средба во Скопје, а по повод нејзиниот концерт закажан за 17 октомври, таа ни откри и една ексклузивна вест.
Јелена Карлеуша се појави во впечатлива црна комбинација на прес-конференцијата по повод најавата за нејзиниот голем концерт во скопската арена „Јане Сандански“. Со спој на елеганција и смели детали, пејачката остана доследна на својот препознатлив моден стил.