Микел Хансен, еден од најдобрите ракометар во светот, еден од клучните ракометари на Данска, која недомна на СП го освои третото злато во низа е болен. Тој ќе мора одреден период да биде надвор од ракометот.
Данскиот Алборг денеска објави соопштение за Микел Хансен кое предизвика внимание во тамошната јавност. Од Алборг информираат дека данскиот репрезентативец е болен и има симптоми на стрес, па затоа ќе биде на пауза од ракометот на неодредено време.