Instagram ја достигна бројката од 1 милијарда корисници минатата недела, но за да продолжи да расте мора да пронајде нови пазари, па дури и тие да се во земји каде мобилната конекција и интернет пакетите се многу скапи.
Instagram се приклучува на трендот на повеќе апликации како Facebook Lite, Messenger Lite, Skype Lite, но и апликациите со наставката Go од Google кои се во основа „полесна“ верзија од главните апликации.
За да бидат покриени потребите и на корисниците од помалку развиените пазари, компанијата го лансираше Instagram Lite – „олеснета“ верзија на Instagram наменета да штеди, а не да троши мобилен интернет.
Пред скоро 2 месеци, Instagram најави неколку промени кои од оваа недела стануваат достапни на мобилната апликација од друштвената мрежа. Доколку секогаш редовно ги ажурирате вашите апликации, а во овој случај Instagram апликацијата, овие нови ...
Овој месец корисниците на Instagram во САД имаат поминато речиси исто толку време во апликацијата за Android, колку што и корисниците на Facebook одвоиле за прелистување во мобилната апликација.