Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја почне амандманската расправа за ребалансот на Буџетот. Седницата е закажана за 11.30 часот, а пред членовите на Комисијата се вкупно 224 амандмани: 87 од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и осум од ВРЕДИ.
Продолжи расправата за ребалансот на буџетот. Опозицијата критикува дека прекројувањето на државната каса е признание дека Владата потфрлила во планирањето и дека тоа ќе значи дополнително зголемување на јавниот долг и на дефицитот.
Петар Ристески пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет истакна дека ребалансот го отсликува „одговорното домаќинско и стратешко управување со државната каса“.
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година, во второ читање. Ова е трет ден од расправата во матичната собраниска Комисија кој трае 10 дена.