ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение го обвинува македонското правосудство дека наместо да биде во служба на правдата и граѓаните, се претворило во „бастион на СДС и ДУИ“ кој, според партијата, ги штити поранешните функционери на овие партии.
„Последните одлуки на правосудните органи се јасен доказ дека политичките инсталации во правосудството на СДС и ДУИ се уште работат. Судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица, од Заев и Ахмети се уште работат во интерес на оние кои ги поставиле и ја нарушуваат довербата ...
ВМРО-ДПМНЕ повторно упати остри обвинувања кон правосудството по неодамнешните одлуки на Врховниот суд за случајот „Ласкарци“ и за градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, тврдејќи дека во судството и натаму функционираат структури блиски до СДСМ и ДУИ.
16 жртви во Ласкарци, укината пресуда. 14 жртви во Модуларната болница, нема обвинение. Случај Мазут, вреден 167 милиони евра, запрена истрага. Ова не е случајност. Ова е правосудниот систем кој е поставен од СДС и ДУИ кој и денес ги штити нивните луѓе и интереси, изјави на ...