Денеска во 14 часот, во Нион ќе се одржи ждрепката за 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции.Откако вчера Шкендија и Силекс ги дознаа своите ривали за стартното коло, сега се во очекување и на нивните евентуални мечеви во втората рунда.
Македонските фудбалски клубови Силекс и Шкендија ги добија своите ривали во првото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА. Ждрепката сакаше и Силекс и Шкендијапрвите мечеви да ги играат на гостински терен, а реваншите да бидат во Македонија.
Сега веќе е јасно дека Шкендија и Силекс своите мечеви во 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции, ќе ги играат против Европа (Гибралтар) и Динамо Минск (Белорусија). На првите мечеви нашите екипи ќе гостуваат, а на 16 јули реваншите ќе ги играат во Скопје.
Откако претходно УЕФА го скрати списокот на потенцијални противници на Вардар во квалификациите за Лигата на шампионите , европската куќа на фудбалот ги објави и можните ривали на македонските претставници во Конференциската лига.