Деловниот простор, трговските центри и становите за изнајмување продолжуваат да носат стабилен приход. Лани 810 компании од оваа дејност инкасирале 227,6 милиони евра , но и покрај растот на приходот, профитот благо се намалил.
Во државава постојат 21 приватна високообразовна институција, во кои лани имало 938 вработени . Според податоците од Државниот завод за статистика во академската 2025/2026 година имало вкупно 12.207 студенти , додека само во прва година се запишале 3.646.