После Вардар, уште еден македонски тим ќе го „вкуси“ европскиот предизвик. ГРК Тиквеш ја почнува својата авантура во ЕХФ Европскиот Куп. Противник е тимот на Еш од Луксембург, а првиот дуел се игра денеска во СЦ „Јасмин“ во Кавадарци со почеток во 18 часот.
Ракометарите на ГРК Тиквеш четврта последователна сезона се дел од ЕХФ Европскиот куп. Годишнината ја почнуваат со двомеч и тоа на домашен терен и тоа во првата елиминациска рунда. Противник на кавадарчани е екипата на Еш од Луксембург против која двата меча ќе ги играат пред ...