Во рамките на партнерството на Uber, Verne и Pony.ai во Загреб веќе циркулираат такси возила без возач. Патниците сепак не се препуштени на милоста и умноста на технологијата туку во возилата се наоѓа оператор кој внимава сé да помина како треба.
Загреб стана првиот град во Европа каде корисниците можат да нарачаат автономно возило преку Uber апликацијата, со што американската компанија за превоз го направи првиот конкретен чекор кон пошироко воведување на роботакси во европските градови.