Европскиот автомобилски пазар е во процес на длабока трансформација, при што електричната мобилност постепено се етаблира од нишен феномен во главен двигател на продажбата. Повикувајќи се на официјални податоци од водечките индустриски организации, меѓународните новински агенции ...
Електричните автомобили веќе земаат сериозен дел од европскиот пазар. Во јули, на 16 клучни европски пазари, 25,7 проценти од сите новорегистрирани автомобили биле целосно електрични. Во Македонија, пак, автомобилскиот пазар и натаму се потпира главно на увоз на половни возила.
Продажбата на електрични автомобили забрза во јули на повеќето европски пазари, поттикната од високите цени на горивото, владините субвенции и зголемената понуда на подостапни модели, покажаа податоците доставени до Ројтерс.