Eден од можеби најтаинствените уреди, очилата за проширена реалност Magic Leap One ќе започнат со испорака ова лето. Потврдено е дека Magic Leap One, барем Creator Edition ќе доаѓа со Nvidia Tegra X2 процесор, јави Venturebeat .
Американската компанија Magic Leap со години ветува дека ќе ги пушти иновативните очила со проширена реалноста кои немаат аналог на пазарот, но едвај на крајот од минатата година ни покажаа како изгледаат.