Левица преку соопштение реагира на одлуката на Обвинителството да го затвори предметот за набавката и поставувањето на модуларните болници, оценувајќи дека трагедијата во Тетово повторно ја отвора темата за институционалната неказнивост и политичката одговорност.
Соопштение на Левица: Повторно гледаме како во Македонија не се менуваат системи, туку чувари на истиот режим на привилегии. Едните заминуваат од власт натоварени со афери, другите пристигнуваат со заклетви за правда до крај, а меѓу две изборни смени останува недопрена ...